Зегин Младина е проект, кој има за цел да им помогне на младите во процесот при изборот на квалитетна практична програма, како и идно вработување во компанијата Зегин. За таа цел објавуваме јавен повик за пријава за учество во практикантската програма на Зегин Младина.
Цели на проектот
- Ги повикуваме учениците од средните училишта, студентите и веќе дипломираните млади и им овозможуваме можност за професионално запознавање со фармацевтската индустрија преку практични примери, тренинзи и активно вклучување во работните обврски кои компанијата Зегин секојдневно ги нуди на своите потрошувачи.
- Нашата цел е да застанеме позади младите, да изградиме квалитетен кадар кој постојано ќе се развива и ќе ја продолжи традицијата на Зегин и понатаму да одговара пред потрошувачите како општествено одговорна компанија која несебично се посветува, грижи и помага.
Услови за учество, времетраење и надоместок
Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови за учество на програмата:
- Завршено средно/високо образование
- Интерес во областа на фармацевтската индустрија
- Препорачливо е основно познавање на англиски јазик
- Совесно извршување на доделените задачи
- Да се во можност да ја посетуваат редовно практичната програма во времетраење од 1-3 месеци.
Од секој кандидат се очекува истрајност, посветена работа, желба за напредок и развој во кариерните цели.
Обуки во рамки на Програмата за практикантска работа:
- Ментор кој ќе биде со вас низ целиот процес
- Менторски програми за брзо извршување на работните задачи
- Практични совети и вовед во фармацевтската индустрија и пазарот на труд
- Дополнителен развој на веќе стекнатите вештини и знаења
- Учење преку платформа за гемификација
- Зголемување на бројот на квалитетни млади кадри;
Целта на оваа програма е да им понуди на младите континуирана едукација, како и подобрување на капацитетите за стекнување на професионална етика и успешно решение на потенцијалните препреки кои можат да се појават во кариерниот тек.
Можете да бидете дел од програмата доколку сте:
- Дипломиран Фармацевт со/без искуство
- Магистер по фармација, со/без искуство
- Фармацевтски техничар, со/без уверение и искуство
- Асистент за продажба во аптеки, со/без искуство
Бенефити од практикантската програма:
- Солидни месечни примања
- Бонуси покрај редовните примања
- Можност за професионално напредување и стимулативни награди
- Програма за практични совети
- Учество на многубројни настани значајни за фармацијата
- Програма за кариерен развој
- За најдобрите – награда патување
Начин на апликација и селекција
Компанијата Зегин, ги повикува сите заинтересирани млади (со средно/високо образование) да го испратат своето CV/резиме, на нашата мејл адреса: kariera@zegin.com.mk
Нашиот тим ќе Ве спроведе низ целиот процес и ќе Ви ги даде сите информации потребни за практикантската програма.
ЗегИН Младина ве очекува!