EUCERIN AtopiControl Спреј за смирување јадеж, 50 мл
![Eucerin 89790 AtopiControl Anti-Juckreiz Spray - anti-itch spray 50ml sprej za smiruvanje jadez cesanje](/sites/default/files/styles/4_columns_1_1/public/2023-03/Eucerin-89790-AtopiControl-Anti-Juckreiz-Spray---anti-itch-spray-50ml_0.jpg?h=fbf7a813&itok=rrmK4Sjf)
Опис на производот
Иритираната сува кожа пратена со јадеж (склона кон атопија) може да предизвика силно чешање. Затоа таквата кожа има потреба од соодветна смирувачка нега.
Иновативната формула на Eucerin® AtopiControl Спрејот за смирување на јадеж содржи уникатен комплекс од состојки MPD (Ментоксипропандиол), SymSitive и полидоканол, коишто докажано делуваат ефикасно.
- Го смирува јадежот на кожата во првите 60 секунди, со долготрајно дејство до 6 часа
- Освежува, лади и брзо ја смирува кожата
- Брзо се впива: не е леплив, не е масен, не ја валка облеката
Многу добра ефикасност и подносливост дури и од кожа со заболувања, како на пр. атопичен дерматитис, псоријаза, ксероза и дијабетес.
Погоден за третман на локален јадеж.
Погоден за деца над 3 години.
Пакување: 50 мл.
Содржина
Состав: вода, денатуриран алкохол, лаурет-9, 4-т-бутилциклохексанол (транс-изомер), ментоксипропанедиол, глицерин, 1,2-хексанедиол, етилхексилглицерин, пентилен гликол, натриум цитрат, лимонска киселина, тринатриум ЕДТА, пироктон оламин.
Употреба: Нанесете на засегнатите зони од 15-20 цм оддалеченост, толку често колку што е неопходно.
Не прскајте директно кон лицето, избегнувајте вдишување и контакт со очите. Ако дојде во контакт со очите, внимателно исплакнете со вода. Не нанесувајте на рани или на отворени лезии.
Внимание: Боца под притисок, може да експлодира при загревање. Држете ја подалеку од топлина, жешки површини, искри, директен пламен и други извори на оган.
Не пушете.
Не го оштетувајте и не го горете дури и после употреба.
Чувајте го далеку од сончева светлина.
Не го изложувајте на температури над 50°С.
Чувајте го подалеку од дофат на деца.
7% од масата на содржината во боцата е запалива.